ССМ: За жал од страна на владините претставници ниту од владеачкото мнозинство во парламентот нема сигнали дека ги прифаќаат барањата на штрајкувачите
Генералниот штрајк, ССМ го организира за заштита на економските и социјалните права и остварување на следните барања од работен однос:
-склучување на Општ колективен договор за јавен сектор со утврдено зголемување на платите на вработените во јавниот сектор за 2806 денари во нето износ согласно зголемувањето на минималната плата објавена во Сл. Весник на РСМ бр. 41 од 24 февруари 2022 година и утврдено право на регрес за годишен одмор во висина од 30% до 100% од основицата.
За жал од страна на владините претставници ниту од владеачкото мнозинство во парламентот нема сигнали дека ги прифаќаат барањата на штрајкувачите иако им се случува генерален штрајк за прв пат по 20 години.
Некој штрајкува, некој навива-истакнуваат од ССМ.