КОГА ЛИ ПОМИНАА? Точно 20 години од смртта на Ѓорѓи Колозов
Ѓорѓи и Шенка Колозови – тв ликовите од моето детство, кои никој не може да ги замени и после толку многу одминати години. Тоа беа царот и царицата, кои преку македонските народни приказни ни подарија незаборевни тв спомени.
Имено, се навршија точно 20 години од смртта на Ѓорѓи Колозов, човекот кој што е врежан во секој наш спомен од нашето детство, бидејќи немаше македонска народна приказна без неговиот лик.
Со нетрпение, секој четврток на МРТ чекавме да биде прикажана уште една нова, македонска народна приказна, приказна која и до ден денеска, говори за времето каде што уметноста имаше што да понуди! Тоа е време кога немаше јутуб, време кога имаше само неколку македонски телевизиски канали кои што нудеа вистински квалитет, посебно МРТ која во тоа време на своите гледачи им пласираше тв емисии со непроценлив уметнички квалитет.