Синоќа во Прилеп започна турнирот во мал фудбал „Св. Никола 2025“!
Синоќа во Прилеп стартуваше еден од најубавите спортски настани во Прилеп, традиционалниот турнир „Св. Никола 2025“, кој и оваа година го носи духот на спортот, заедништвото и хуманоста.
Голема благодарност до сите екипи што се вклучија, до организаторите за нивната посветеност и до публиката која секогаш дава посебна енергија на овој турнир. Со овој настан ги започнуваме подготовките за одбележувањето на Градската слава – Свети Никола, важен момент кој што сите не обединува. Навивајте, поддржувајте ги вашите фаворити и уживајте! – порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.















