Владата вели има пченица, а мелничарите велат дека немаат резерви повеќе-истакнуваат од…

Сподели го ова:
























Владата вели има пченица, а мелничарите велат дека немаат резерви повеќе-истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното денешно соопштение кое е упатено до јавноста. Имено,ова денешно соопштение од ВМРО-ДПМНЕ Ви го прикажуваме целосно во прилог:

Власта на СДСМ и ДУИ лажеше дека Македонија има доволно пченица, а сега најавуваат дека ќе бараат од Бугарија и од Србија. Власта на СДСМ и ДУИ самата изјави дека знаеле каква криза ја очекува државата уште од ноември и не се подготвиле на време, како што тоа го правеле одговорните власти од другите земји. Власта на СДСМ и ДУИ тврдеше дека резервите се полни, а сега се доведуваме во ситуација мелничарите да алармираат дека нивните резерви со пченица се за период од неколку дена и дека ако не внесеме пченица од странство нема да има што да обработуваат. Состојбите се алармантни, а владата очигледно дека нешто мати. Ако има пченица како што тврдат Николовски, но  и целата влада, зошто  не се интервенира на пазарот со домашните резерви за да се спречи не само зголемување на цените на лебот и брашното, туку да се постигне намалување на веќе напумпаните цени на прехранбените производи? Оваа влада дозволи народот плаќа 110% поскап леб од лани, но постојат стравови дали воопшто има Македонија доволно пченица и дали ако се увезе ќе се увезува многу поскапо што уште еднаш ќе удри по стандардот на граѓаните-истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното денешно соопштение кое е упатено до јавноста.




Сподели го ова:

Слични објави