И ДЕЦАТА ЌЕ УЧАТ ЗА ПОЛИТИКА? Преку повеќе часови за политичко образование кај учениците Министерството ќе градело вредности на мултикултурализам и толеранција
Уште ова ни фалеше-истакнуваат поголемиот дел од граѓаните. Преку повеќе часови за политичко образование кај учениците Министерството за образование ќе градело вредности на мултикултурализам и толеранција преку повеќе часови за политичко образование
“Ако нашата цел е да создадеме млади луѓе кои ќе бидат заинтересирани за позитивни промени во средината во која живеат и работат, тогаш во текот на образованието треба така да ги обликуваме. Создавање на послободно и подемократско општество не е недостижен идеал. Потребен е само образовен систем кој промовира и обезбедува почитување, толеранција, ненасилство и прифаќање на различностите, образовен систем кој ги учи децата на мултикултурализам и демократија. А токму ова се основните вредности на кои се темели реформата на основното образование, која од оваа учебна година почна во прво и во четврто одделение, а етапно продолжува во другите одделенија”-oва го нагласи министерот за образование и наука Јетон Шаќири на конференцијата насловена како „Вклучување на политичкото образование во образовниот систем“, во организација на Претседателскиот центар за политичко образование при Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски, а во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер.Министерот покрај другото укажа дека би било добро во погорните одделенија од основното образование, во седмо, осмо и деветто, во наставните програми да се воведат повеќе содржини и да се посветат повеќе часови на политичкото образование.