ГРАЃАНИТЕ ЗАДОВОЛНИ! ВЕТЕНО – ОСТВАРЕНО: Јовчески и овој пат си достои на зборот

Сподели го ова:
















Како што информиравме вчера во претходните наши објави, Општина Прилеп во текот на вчерашниот ден започна со еден од поголемите проекти предвидени за оваа година, рехабилитација и асфалтирање на над 60 улици на територија на општина Прилеп!

Од она што можеше денеска да го забележи нашата информативна екипа на терен, е тоа што поголемиот дел од прилепчани се задоволни, бидејќи како што велат и овој пат градоначалникот вети и оствари, а сето тоа се забележува на дело, бидејќи и денеска на дел од прилепските улици, непрекинато и непречено се работеше.

Денес извршивме увид на улицата ,,Мукос“, од каде што стартуваме со реализацијата на овој капитален проект за Прилеп, затоа што започнуваме една акција со која ќе рехабилитираме улици на кои што не е интервенирано во последните 30-40 години! Со нашиот план за подобрување на патната инфраструктура, дефинитивно ќе ја зголемиме безбедноста во сообрајќајот а се разбира и нивото на услуги на сите наши сограѓани корисници во сообрајќајот. Оваа Локална самоуправа на општина Прилеп ќе продолжи да работи во интерес на сите наши сограѓани! – истакна прилепскиот градоначалник Борче Јовчески во текот на вчерашниот ден.



Сподели го ова:

Слични објави