Викендов, пеколно жешко! Веќе од понеделник ни доаѓа дожд и разладување
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 26 до 34 степени. UV=8.
Исто време не очекува и утре со температури до 37-миот степен. Веќе од понеделник, ни доаѓа разладување и дожд. Времето во понеделник ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на краткотрајно невреме