МИХАИЛОВ ОТКРИВА ШОКАНТНА ИНФОРМАЦИЈА: Во дирекцијата на “Мак. Шуми”, сега пред заминување се делеле мобилни телефони од по околу 2.000 евра а здравство нема веќе неколку месеци!!!
Кире Михаилов е голем борец на сето она што е македонско, на македонските корени и историја. Благодарение на својот патриотизам, Михаилов има голем круг на пријатели кои го почитуваат секој негов влог за МАКЕДОНИЈА! Овој човек, постојано ги поддржува и брани сите вработени од ЈП “Македонски шуми”, а воедно го критикува ова сегашно раководство кое раководи со ова Јавно Претпријатие кое до пред неколку дена на вработените им немаше пуштено цели три месеци плата, а сега истото тоа раководство како што истакнува Михаилов, пред заминување делело мобилни телефони од по околу 2.000 евра евра, а вработените немаат здравство бидејќи заклучно со денес немаат земено цели две плати!
“Во дирекција на “Македонски Шуми”, сега пред заминување се делеле мобилни телефони од по околу 2.000€ како пива пред кооперација, а здравство нема веќе неколку месеци!
Абре абдали, наш колега почина чекајќи да му се вгради бајпас поради немање здравство!
Абре абдали, наш колега треба да плати преку 300 илјади денари опериран од карцином на дебело црево поради немање здравство!
И да не набројувам во недоглед уште еден куп невидени страшни човечки судбини поради тоа што нема пари за здравство, а Вие што правите!?
Па ова не е идиотизам, ова не е срамота, ова е бесчуствителност од невидени размери!!
Пренесете му на ликот инволвиран во оваа приказна дека ова нема да помине неказнето!!” – порача Михаилов.