Нашето златно дете, повтори освои златен медал! Македон, на германската математичка олимпијада освои златен медал
Македон Димитровски е роден 2014 година, при што иако е толку мал тој досега има освоено повеќе награди и високи признанија на натпревари низ целиот свет. Ова златно дете на три годишна возраст на МЕНСА тест, има постигнато IQ од 134. Она што е најново е тоа што Македон, на германската математичка олимпијада освои златен медал.
„Македон постигна исклучителен успех освојувајќи златен медал на Германската математичка олимпијада успехот е уште поголем заради тоа што е обезбеден со максимален број на бодови. Со овој резултат тој обезбеди пласман на суперфиналето во Франкфурт, кое ќе се одржи во мај.Овој успех е доказ за неговата посветеност, знаење и талент“ – истакна таткото на Македон.















