| |

ВИДЕО: УСПЕШЕН СТАРТ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА “ОД НУЛА ДО КУЛТУРА” – ПРОЕКТ ЗА МУЗИЧКА И КУЛТУРНА НАОБРАЗБА НА ГРАЃАНИТЕ ОД ОПШТИНА ПРИЛЕП

Сподели го ова:



















Проектот на Општина Прилеп насловен “Од нула до култура” е вграден и ќе се реализира согласно годишната програма за култура за 2023 година. Проектот е насочен кон младите и токму затоа неговото одржување е за време на училишниот распуст, еднаш седмично во континуитет. Имено, станува збор за настап на локални музички групи на Камената бина во центарот на Прилеп, со концерти насловени Tribute to… Значи концерти посветени на великани во музиката од светската популарна поп и рок култура, кои имаат големо влијание врз културна наобразба на секој човек.

Вчера вечерта, манифестацијата започна мошне успешно со изложба на уметнички фотографии „Прочка 2023″ во фоајето на НУЦК “Марко Цепенков”, а во 21 часот публиката уживаше во концертот на CROSSROAD BLUES BAND.

Ова лето, планирани се околу 10 засебни настани, почнувајќи од 22.06. па се до крајот на месец август.





Примарна цел на овој проект е да влијае врз публиката со квалитетна музика, но и да обезбеди забава на отворен простор во летните месеци. Меѓутоа, успешната реализација ќе овозможи истиот да прерасне во иднина во едно случување од поголеми размери со обезбедување на повеќе средства во програмата.

Досега потврдени настапи:

22 јуни CROSSROAD

29 јуни NO CIGARETS

06 јули The FOUR

13 јули ROCK BLUES BAND

20 јули The SCHMUCKS

26 јули The HOUNDS



Сподели го ова:

Слични објави