ВИДЕО: Во Прилеп започна учебната година за 5.600 основци и 2.800 средношколци кои денес седнаа во училишните клупи
Денеска во градот под Марковите Кули училиштата повторно се исполнија со детски насмевки!
“Среќен прв училишен ден и успешен почеток на новата учебна година! Денеска заедно со претседателката на Советот на Општина Прилеп, ги посетивме првачињата во основните училишта во Прилеп и населените места.
Со насмевки и искрена детска радост нашите првачиња го направија својот прв чекор во светот на знаењето, чекор кој ќе го паметат цел живот.
На сите 5.600 основци и 2.800 средношколци им посакуваме успешна учебна година, исполнета со нови знаења, другарства и убави моменти.
На наставниците им посакуваме многу енергија, трпение и успех во нивната благородна работа, а на родителите многу гордост додека ги следат своите деца како растат, учат и ги остваруваат своите соништа.
Како Општина, продолжуваме да создаваме подобри услови за нашите деца и за нивното образование, затоа што вложувањето во децата е најсигурната инвестиција во иднината на Прилеп.
Добредојдовте во училишните клупи, драги првачиња!
Среќна и успешна учебна година на сите ученици!” – порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.


















