Вистинска убавина! Женскиот хор при ООУ “Климент Охридски” – Прилеп преку песна и со голема гордост ја крева свеста за значењето на чистата и здрава околина
Денес, ученичкиот женски хор при ООУ Климент Охридски – Прилеп со голема гордост ја крева свеста за значењето на чистата и здрава околина, затоа што убавината започнува токму од местото каде што учиме, растеме и созреваме.
“Со песната „Летај ми, летај гулабе“, снимена во нашето училишно двориште – зелениот школски парк, ја пренесуваме пораката за мирот, спокојството и чистотата на детските срца. Токму тие млади срца најискрено ја носат љубовта кон природата, убавината и заедништвото што нè поврзува. Како и секогаш, го негуваме духот на старата македонска песна, која живее низ нашите гласови и срца. Голема благодарност до нашите верни пријатели:Здружението „Преродба“, и Музичката група „Тајфата“ кои со својата поддршка, музичка душа и искрена енергија помогнаа оваа идеја да стане вистинска уметничка порака исполнета со живот и надеж. Со хармонијата на песната „Летај ми, летај гулабе“ и зеленилото околу нас, докажуваме дека вистинската преродба започнува од љубовта кон природата, традицијата и убавината што ја создаваме заедно!” – истакна директорот Ахил Јаков
Ментор: Маја Џопа
Наставник: Бојан Митрески
Група: Тајфата
Видео: Пилата
Тон: “Чавлески логистик”
















