ВИДЕО: “Тајфата” со нивната најнова песна “Девојче Kалешо” рушат рекорди!
Поминаа само неколку дена, откако познатата музичка група “Тајфата” ја објавија нивната најнова песна “Девојче Kалешо”, а песната веќе руши рекорди, и истата постојано се врти на радио станиците низ цела наша земја. Како комплетен автор на песната се јавува главниот вокал во групата, прилепчанецот Владимир Богески, и истата е снимена во професионалното “R Music Studio” на Рубин Димкоски.
Нивните многубројни фанови коментираат дека ова е уште еден “вистински полн погодок” на оваа позната музичка група, која е мошне популарна низ цела Македонија кога станува збор за ноќните журки по локалите низ градовите, бидејќи Тајфата се бенд кои што “жарат и палат каде и да се појават”!

Во продолжение, погледнете го одличниот спот за нивната најнова песна “Девојче Kалешо”, кој го изработи “Fan Production by Zoran”, и уживајте во оваа неповторлива музичка нумера која “ќе ве освои на прва”!