Денес во Прилеп започна реконструкцијата на улицата “Александар Македонски”
Денес стартува реконструкцијата на дел од улицата Александар Македонски, на потегот од кружниот тек кај Солидност до раскрсницата кај Чумовчанец, во должина од околу 1 километар.
Апелираме до сите граѓани и возачи да бидат внимателни и трпеливи, со оглед на тековните градежни активности.Ве молиме да ја почитувате поставената сигнализација и упатствата од надлежните служби. Заедно создадаваме подобри и побезбедни улици за сите! – порачуваат од Општина Прилеп.


















