Ноќеска бил запален автомобилот на прилепскиот пратеник Петар Ристески кој јавно истакна дека нема да гласа за промена на Уставот

Сподели го ова:


























opstina

Ноќеска бил запален автомобилот на прилепскиот пратеник Петар Ристески, кој јавно истакна дека нема да гласа промена на Уставот. Врз основа на ваквата случка, се огласи и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Ковачки, кој истакна:

“Ноќеска е запален автомобилот на колегата Петар Ристески од Прилеп. Кукавички чин позади кој сум убеден дека стојат платеници инспирирани од предавничкото раководство на СДСМ. Платеници се затоа што нема нормален и здрав Македонец, кој поради верба во нешто, освен за добра сума на пари би направил таков чин на насилство против пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Дома, пред жена, деца, родители…СДСМ, мафијата има повеќе достоинство од вас. Вие сте гнаси. Ова е напад на пратеник и ова е сериозен удар и назадување во демократијата. После насилството во Собранието со фрлање живото-загрозувачки предмети кон колеги, и ова ќе влезе во извештајот за напредокот кон ЕУ. Со демонстрирањето на немоќта, СДСМ и’ прави штета на Македонија. Знаеме дека им се брза, оти тоа што го ветија не може да го реализираат. Не МВР, не служби, знаеме дека ќе вклучат се’ за реализација на предавството. Знаеме дека се додворуваат и дека ветуваат се’ само за да ги остават некој месец плус на власт”-истакна Ковачки.




Сподели го ова:

Слични објави