Вчера, “прилепски Комуналец” заврши со кастрење на дрвјата по дрворедите од улицата Сотка Горѓиоски, на потегот од стара автобуска до раскрницата Чумовчани
Вчера, комуналните работници завршија со кастрење на дрвјата по дрворедите од улицата Сотка Горѓиоски, на потегот од стара автобуска до раскрницата Чумовчани.
По план за работа, во наредниов период ќе се кастрат дрвјата кои имаат ниска крошна во парковите, и по тротоарите, а приоритет ќе се даде и на кастрење и обликување на брезите од двете страни на кејот на Градската река.


















