Прилеп “одбројува ситно” до најголемата новогодишна прослава која некогаш се случила во градот под Марковите Кули
Да, токму така! Прилеп “одбројува ситно” до најголемата новогодишна прослава која некогаш се случила во градот под Марковите Кули. Магијата на Прилепската празнична приказна започнува во среда, 24.12.2025. За прв пат во Прилеп оваа година ќе се одржи „Прилепска празнична приказна“ со богата седумдневна програма, многу изненадувања, музички настапи, креативни активности и незаборавна забава за сите генерации.

Ве покануваме да го започнеме најубавиот период од годината и заедно да ја испишеме најубавата Прилепска празнична приказна – порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.
Да ја создадеме заедно најубавата празнична атмосфера во Прилеп!















