|

ПРИЈАВЕТЕ СЕ И ВИЕ ЗА УЧЕСТВО НА ВЕСЕЛИ ЅВОНЧИЊА: Близначките Ева и Ива од ООУ “Кире Гаврилоски ќе пеат на најновото издание на најпопуларниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” – 2024 година

Сподели го ова:


























Две слатки првачиња од ООУ “Кире Гаврилоски кои за држба и песна “подаваат рачиња”, ќе пеат новокомпонирана песна на најновото издание на најпопуларниот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, кое ќе се случи во месец април 2024 година. Станува збор за двете близначиња Ева и Ива Ангелески, кои на наредното фестивалско издание ќе настапат со екстра детска песна, за која музика и текст напиша Уметничкиот Директор на фестивалот Гоце Илиески-Балада, а исто така оваа песна си доби и одличен аранжман благодарение на Рубин Димкоски.

Песната која ќе ја испеат овие две слатки близначки на “Весели Ѕвончиња by JANA”, Гоце Балада ја направи по нивна желба, а како гласи насловот на песната сеуште нема да откриеме, меѓутоа ќе потенцираме дека песничката е целосно направена за нивната најрана детска возраст. Според возраста на Ева и Ива, тие наредната година ќе настапат во детскиот блок на фестивалот бидејќи тука пеат деца од 4 до 10 години, а како и секоја година, после детскот музички блок следува тинејџерскиот музички блок каде што настапуваат учесниците од 11 до 15 години.

Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи во месец мај 2023 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН-ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!! 

фото: Ева, Ива и Гоце Балада




Сподели го ова:

Слични објави