|

ВИДЕО – ПРЕДИЗВИК: Ајде да дојдеме до 1000 претплатници на каналот од Веселите Ѕвончиња

Сподели го ова:
















Во исчекување на новите песни од детскиот музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA” – кои треба следнава недела да бидат објавени на јутуб каналот од Веселите Ѕвончиња, правиме еден “Јутуб предизвик”, а тоа е Веселите Ѕвончиња до стигнат до 1000 претплатници на нивниот Јутуб канал. Се што треба да направите е да стегнете Subscribe на јутуб каналот од Веселите Ѕвончиња, а со самото тоа наредната недела ќе бидете известени кога ќе бидат објавени најновите детски хитови од овој најактуелен фестивал, кој што од страна на публиката е прогласен за “МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД”. Исто така, сакаме да нагласиме дека со самото стегање на Subscribe на каналот од Веселите Ѕвончиња, ќе можете во иднина да уживате и во големиот број на детски новитети и содржини, кои ќе бидат објавени на овој фестивалски канал.



Колку за потсетување, овој најактуелен детски музички фестивал во месец мај оваа година го промовира своето најново, 5-то јубилејно фестивалско издание кое понуди нови 15 новокомпонирани детски музички хитови каде бројот на солистите, учесниците, танцовите групи надмина над 160 учесници, а детскиот музички фестивал го посетија околу 2000 посетители. Ова претставува голем рекорд и гордост за градот Прилеп! На фестивалот имаше гости од Скопје, Битола, Крушево, Радовиш….. а како и секоја година – најмногу посетители имаше од нашиот Прилеп.

Доколку имате од 4 до 15 години и сакате и Вие да бидете дел од детскиот или пак дел од тинејџерскиот музички блок од следното најново спектакуларно фестивалско издание кое ќе се одржи во месец мај 2024 година, Вашите родители ќе можат да Ве пријават на Facebоok профилот на Гоце Илиески-Балада, на Facebоok профилот на Весели Ѕвончиња, или пак на 078/66-77-97. Бидете детски музички ѕвезди, бидете АС, бидете главни во Вашето Школо -во Вашиот Клас, и пријавете се за учество за следното фестивалско издание на Весели Ѕвончиња by JANA,и стекнете се со Диплома за МОДЕРЕН, ДЕТСКИ-СВЕТСКИ-БРЕНД!!!



Сподели го ова:

Слични објави