ВИДЕО – ОК ВМРО-ДПМНЕ-ПРИЛЕП: Лошата слика која што СДСМ сака да ја претстави пред прилепчани никогаш нема да им помине

Лошата слика која што СДСМ сака да ја претстави пред прилепчани никогаш нема да им помине – истакнаа денеска од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп на денешната прес конференција, која што целосно Ви ја пренесуваме во прилог на оваа објава:
“Почитувани сограѓани, функционерите и членовите на СДСМ очигледно немаат срам!
Да не беше трагично ќе беше смешно. Читаат прес конференции каде „со чиста и мирна совест“ можеле да констатираат нешто!
Социјалдемократи, вие ја практикувавте локалната власт во Прилеп до пред една година. Период во кој што Општина Прилеп беше економски уништена, осиромашена и запоставена, како од вашите локални функционери така и од централната власт предводена од СДСМ.
Граѓаните на Општина Прилеп реагираат и се прашуваат со кое лице излегувате пред нив на банални пресконференции. Видео изјави во кои нема што да се слушне, само празни зборови и неосновани партиски обвинувања. Да се напаѓаат луѓето кои што на избори ве „срамнија со земја“ само пред една година, е во најмала рака храброст. Нешто што за жал го немавте кога ја предводевте локалната власт, а го немаат ни сега вашите партиски колеги на централно ниво.

Освен промена на името на државата, распродажба на македонскиот јазик, култура, историја и традиција власта на СДСМ не направи ништо. А да не заборавиме: И тоа што ја втурнаа државата во најголемата економска криза, можеби за вас претставува некаков успех?! Секојдневното продлабочување на енергетската криза и неизвесност како Македонија ќе ја помини оваа зима за вас господа од СДСМ е добро практикување на власта ?
Вештачката и нерегулирана скапотија со која се соочува македонскиот народ е ваша и само ваша заслуга! Локалната власт во Прилеп ја водат луѓе кои што имаат максимална поддршка од прилепчани и нема да ја изневерат довербата од своите сограѓани. Финансиската дупка што ја остави претходната локална власт предводена од СДСМ е нешто што никој не можи да го реши преку ноќ.
Градоначалникот Борче Јовчески ја извршува својата функција максимално посветено и транспарентно. Човек кој што секогаш и секаде е со своите сограѓани и дава максимална поддршка за сите предвидени проекти и на сите настани кои што се случуваат во Прилеп.
Лошата слика која што СДСМ сака да ја претстави пред прилепчани никогаш нема да им помине. Вашето време и клептоманијата зaвршија. Впрочем и најдобар доказ за тоа е фијаското и премалата посетеност кои ги доживеавте на вашиот теснопартиски собир во неделата на кој присуствуваше и Димитар Ковачевски, послушникот на Зоран Заев.
Општина Прилеп ја водат чесни и одговорни луѓе кои што успешно ќе го реализираат својот мандат” – истакнаа денеска од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп на денешната прес конференција.
.

















