Министерот Љутков: Салите во М. Цепенков ќе се стават повторно во целосна функција
Во работна посета на ЦК „Марко Цепенков“ денеска беше министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој заедно со државниот секретар Марија С.Ѓоргова, беше запознат од директорката на Центарот Марија Попова Јованоска, со актуелната состојба и со мерките што се преземаат во Центарот по ставањето на салите вон употреба.

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков посочи дека неработењето во изминатите години, довело до оваа состојба, при што истакна дека сите нерегуларности ќе бидат отстранети и Центарот за култура ќе се стави повторно во целосна функција.


















