Под покровителство на градоначалникот Најдовски денеска во Општина Демир Хисар, беше одржана културната манифестација “Велигденска фолклорна средба -Демир Хисар-2022“
Традиционалната манифестација “Велигденска фолклорна средба -Демир Хисар-2022“, беше одржана денеска на 25.04.2022 година, и истата беше во организација и под покровителство на Градоначалникот Никола Најдовски и Советот на Општина Демир Хисар. На манифестацијата настапија повеќе културно – уметничките друштва и тоа: „Илинден“ од Битола, ФА „Бисери“ од Охрид и „Илинден“ од градот домаќин-Демир Хисар. Свечената церемонија беше одржана денеска на градскиот плоштад во Демир Хисар и истата започна во 12 часот. Еве што истакна Градоначалникот Најдовски по повод денешниот настан:
“Културна манифестација на која можат да позавидат многу поголеми градови.Честитки за организацијата и благодарност до сите вклучени во работата на КУД Илинден Демир Хисар.Благодарност и до нашите гости од КУД Илинден од Битола и ФА Бисери од Охрид .Јас како градоначалник и локалната самоуправа Демир Хисар, во иднина ќе сме Ваш партнер, во интерес на достојно претставување на богатата традиција и култура на Демир Хисар и Македонија.Честит Велигден.Христос воскресе!”-истакна Градоначалникот Најдовски.