ВИДЕО – Градоначалникот Проданоски: Прилеп е подготвен за празниците! Украсен со љубов и внимание, го започнуваме периодот што сите не спојува и потсетува колку е убаво да славиме заедно

Сподели го ова:





























Градот под Марковите Кули е целосно украсен во новогодишно руво, а за прв пат во Прилеп оваа година ќе се одржи „Прилепска празнична приказна“ со богата седумдневна програма, многу изненадувања, музички настапи, креативни активности и незаборавна забава за сите генерации.

Прилеп е подготвен за празниците! Украсен со љубов и внимание, го започнуваме периодот што сите не спојува и потсетува колку е убаво да славиме заедно. Во најубавиот период од годината, Прилеп ќе биде град на светлина, музика и многу забава и изненадувања. Со Прилепската празнична приказна и Новогодишниот базар, Прилеп го добива она што го заслужува! Празници со душа, радост за сите генерации и најубавата празнична приказна во Македонија! Приказна што ќе ја пишуваме заедно и ќе ја пееме заедно оваа специјална песна посветена на Прилеп – порача прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави