“АЈДЕ ДА ЛЕТАМЕ – НЕ ПЛАШИ СЕ!” Ќе биде ли сигурно сега македонското небо??
Како што соопштуваат од кабинетот на Пендароски, Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски вчера ги прими Александар Тасевски, претседател на Струковиот синдикат на контролори на летање и Горан Гавровски, член на синдикалниот одбор.
На средбата претседателот Пендаровски ги поддржа заложбите на синдикатот за одржување на професионалното ниво во функционирањето на М-НАВ АД – Скопје, која што е дел од критичната инфраструктура во државата. Во оваа насока, претседателот Пендаровски уште еднаш го осуди насилничкото однесување во М-НАВ од страна на вработени во таа институција и други лица кои неовластено влегле во нивните простории и повика на расчистување на случувањата во најкус можен рок, имајќи предвид дека станува збор за потенцијално загрозување на безбедноста во меѓународниот авионски сообраќај – истакнуваат од кабинетот на Пендароски.