ВИДЕО: Директно од говорницата Проданоски ги објасни придобивките од новиот правилник за доделување на средства зa спортски клубови, професионални спортски клубови и здруженија на граѓани и фондации, како и по програмата за еднакви можности

Сподели го ова:























Вчера се одржа 24-та седница на Советот на Општина Прилеп, каде советниците дебатираа и за новиот правилник за утврдување на критеримуите, начинот и постапката за распределба на финансиски средства од Буџетот на Општина Прилеп зa спортски клубови, професионални спортски клубови и здруженија на граѓани и фондации, како и по програмата за еднакви можности.

На вчерашната седница на Советот, Претседателот на Совет на Општина Прилеп – Дејан Проданоски, директно од говорницата ги објасни придобивките од новиот правилник врз основа на кој што се скратува можноста за субјективно доделување на средства.

Покрај другото, Проданоски нагласи дека во текот на наредната недела ќе биде објавен оглас, и дека средствата кои што ќе се одобрат ќе почнат да се исплаќаат од средината на месец мај. Што поточно истакна Претседателот Проданоски во однос на оваа точка, погледнете преку видеото кое следи во прилог:



Сподели го ова:

Слични објави