Нова успешна ИВФ приказна – решен е уште еден специјален случај во Болницата “Плодност” – Битола

Сподели го ова:


























Уште една нова успешна ИВФ приказна во нашата земја. Имено, решен е уште еден специјален случај во Болницатa Плодност. – Битола. За овој случај, известија и од самата болница преку нивната објава на социјалните мрежи во која се вели:

“Пациентката има 29 години, во брак е 4 години. Се обидуваат за забременување 6 години. Направена е лапароскопија.

Интраабдоминално е откриена кламидијална инфекција и т.н. Fitz-Hugh-Curtis syndrome.

👉Овој синдром е многу редок и значи воспаление на перитонеумот со насобирање на атхезии или сраслини околу хепарот и гениталните органи, особено околу јајоводите и во јајоводите, предизвикувајќи трајна неплодност. Најчесто, причинител е кламидијата.

После примена на соодветна терапија, направено е ИВФ, кое резултираше со бременост.

ИВФ е направено со поддршка на ФЗОМ” – се истакнува во објавата на Болницата Плодност – Битола.




Сподели го ова:

Слични објави