ВИДЕО: Битола станува вело -град! Градоначалникот на работа одеше со велосипед

Сподели го ова:






























Новите велосипедски патеки во Битола се навистина прекрасни, а освен тоа што на граѓаните им обезбедуваат релаксација при возењето, исто така нудат комплетна безбедност на велосипедистите во сообраќајот.

Промотивно возење по новите велосипедски патеки во Битола! Го започнав денот на велосипед од дома до работа, по новите велосипедски патеки! Имав можност да разговарам со граѓански активисти, млади луѓе и искусни велосипедисти за важноста на одржливиот транспорт и подобрување на условите за сите учесници во сообраќајот. Воедно, започнавме активности за уредување и чистење по целата должина на патеката затоа што безбедни и чисти патеки значат повеќе луѓе на велосипеди. Продолжуваме со конкретни чекори за поеколошка, поповрзана и подинамична Битола!” – порача Коњановски.




Сподели го ова:

Слични објави