СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА КРЕАТИВНОСТА: Учениците од ООУ “Климент Охридски”-Прилеп изведоа перформанс во вид на гулаб

Сподели го ова:























Денеска се одбележува меѓународниот ден на мирот, официјално познат како Светски ден на мирот. Стананува збор за “празник на мирот” кој што е одобрен од страна на Обединетите Нации, и истиот секоја година се одбележува на 21 септември. Овој ден за прв пат бил прославен во далечната 1981 година, и истиот го одбележуваат многу нации, политички и воени групи.

Во чест на меѓународниот ден на мирот, учениците од ООУ “Климент Охридски” од Прилеп, изведоа еден креативен перформанс во вид на гулаб. На ваков начин, креативните ученици од ова прилепско училиште го одбележаа денешниот меѓународен ден на мирот, при што преку т.н. “гулаб перформанс” испратија порака дека мирот во светот и отсуството на војна и насилство, е сонот на секое дете, кое сака да расти во мирна и здрава средина.



Сподели го ова:

Слични објави