Ќе трча до Острог! Да му помогнеме на Антонио да му се исполни неговата најголема животна желба
Прилепчанецот Антонио Пандовски планира да ја оствари неговата најголема животна желба, а тоа е по пат на трчање – пешање, да стигне до Острог. Меѓутоа за да Антонио го изведе овој маратонски – хуманитарен подвиг, како што истакнува самиот тој во неговата објава, потребна му е некоја фондација која ќе се вклучи во овој негов голем проект и хуманитарен подвиг.

-Сакам со вас да ја споделам мојата најголема животна желба тоа е најголема животна желба кои веќе не се меѓу нас. Овој подвиг ќе го реализирам во јули месец оваа година, ако биде се’ како што треба и оди се’ по план. Исто така овoј подвиг сакам да биде и како хуманитарен подвиг, собирање на средства за деца кои боледуваат од канцер. Сакам да се соединиме сите и да покажеме дека сме хумана држава. Јавно барам некоја фондација да се вклучи во овој мој проект и да направиме се’ што можеме да им овозможиме на нашите мали херои подобар живот. Исто така, ако има некој што сака да се вклучи како пратња да ми озвомозжи полесно трчање во овoј подвиг, oсобено велосипедиста, слободно нека ме контактира. Детали наскоро – истакна Антонио на својот Фејсбук профил.


















