“ВЕСЕЛИТЕ ЅВОНЧИЊА”, после настапите во Прилеп, Охрид и Битола, свој настап ќе имаат во Крушево на манифестацијата “Десет дена Крушевска Република”

Прилепскиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, фестивалот каде што настапуваат деца од повеќе градови од нашата земја, ќе биде дел од годинешната манифестација “Десет дена Крушевска Република” во Крушево. Врз основа на тоа, специјално во Крушево се очекуваат да допатуваа голем број на родители заедно со своите деца од повеќе градови од нашата земја, каде ќе имаат одлична можност на 07.08.2022 година (недела) со почеток во 19:00 часот да го погледнат последното-најново фестивалско издание на летната сцена (амфитеатарот) близу Гумење.
Колку за потсетување, и минатата година овој најактуелен детски музички фестивал беше дел од манифестацијата “Десет дена Крушевска Република” во Крушево каде летниот амфитеатар на Гумење освен со посетители од Крушево, беше преполн и со гости од други градови од Македонија, а доказ за тоа беа големиот број на паркирани автомобили од Скопје, Неготино, Радовиш, Охрид, Крушево, Прилеп, Тетово и Ресен, кои специјално допатуваа во Крушево за да уживаат со своите деца во детските музички хитови на Веселите Ѕвончиња. Сето ова е потврда дека овој детски фестивал како резултат на неговиот квалитет е лидер кога станува збор за детските музички фестивали во нашата земја.
Овој фестивал, заслужено и оваа година повторно се најде во програмата на “Десет дена Крушевска Република”, бидејќи станува збор за детски музички фестивал кој што врз основа на својот квалитет, уникатност и квалитет на песните, моментално е број 1 во нашата земја, посебно кај најмладата публика, бидејќи мометално кај младите е во тренд да се пее на овој фестивал. Песните од фестивалот постојано-секојдневно се пуштаат на 7-8 локалните телевизии-посебно во утринските детски тв блокови, а целосната снимка од фестивалот секоја година се емитува на Национална Телевизија. Фестивалот има детски и тинејџерски музички блок, и истиот е поддржан со официјална видео поддршка од голем број на музички ѕвезди од народната и забавната музичка сцена како што се: Јоце Панов, Миле Кузманоски и многу други.
Со својот настап во Крушево, овој фестивал оваа година ќе им пружи одлична забава на крушевчани, како и на големиот број на гости од цела наша земја кои ќе бидат присутни во Крушево на манифестација “Десет дена Крушевска Република”.