Општина Крушево официјално доби нов камион за собирање на отпад и трансфер станици
Денеска, Општина Крушево официјално доби нов камион за собирање на отпад и трансфер станици, обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, согласно Договорот за реализација на проектот „Набавка на опрема за собирање на отпад и трансфер станици“.

Како градоначалник, особено сум задоволен што продолжуваме да инвестираме во подобрување на комуналните услуги и заштитата на животната средина во нашата општина. Оваа опрема ќе придонесе за поефикасно управување со отпадот, почиста животна средина и повисок квалитет на живот за сите наши сограѓани. Ќе продолжиме со посветена работа и соработка со институциите за да обезбедиме одржлив развој за Крушево, бидејќи нашата визија е чиста, уредена и просперитетна општина – истакна крушевскиот градоначалник Нико Чонески.


















