Веселиот, сладок свет на вкусови од “Витаминка” повторно го поддржа највеселиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by Jana”

Имено, и оваа година веселиот, сладок свет на вкусови од “Витаминка” повторно го поддржа највеселиот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња by Jana”, фестивалот кој што од страна на публиката е прогласен за МОДЕРЕН, ДЕТСКИ – СВЕТСКИ БРЕНД!. Витаминка во своето 66 годишно постоење го создаде најголемиот свет на вкусови во Македонија и претставува составен дел од животите на неколку генерации, полни со спомени и бесценети моменти. Информативниот портал “СТАНИЦА.МК” како и секогаш, така и сега, беше ПРВИОТ МЕДИУМ од Прилеп кој од “прва рака” ги објавуваше најновите настани и случувања од овој фестивал.


Прекрасна глетка имаше на НАЈПОПУЛАРНИОТ ПРИЛЕПСКИ ФЕСТИВАЛ КОЈ ШТО МОЖЕ ДА СОБЕРЕ ПРИБЛИЖНО 2500 ПОСЕТИТЕЛИ ВО НУЦК “МАРКО ЦЕПЕНКОВ” ВО ПРИЛЕП.

Искрено, во Прилеп постојат и други фестивали и мали хорчиња, меѓутоа ваков рекорд до сега има направено само Гоце Балада и прилепскиот фестивал “Весели Ѕвончиња by JANA”, односно единствениот фестивал во нашата земја кој што од страна на публиката е прогласен за МОДЕРЕН, ДЕТСКИ – СВЕТСКИ БРЕНД!!!




















