ДЗР: Постои застој и бавна динамика на реализацијата на стратешките инфраструктурни проекти

Сподели го ова:
























Постои застој и бавна динамика на реализацијата на стратешките инфраструктурни проекти, трошоците за проектите се зголемени поради повисока цена на чинење на изградбата од првично планираната, како и поради споредни трошоци -истакнуваат од ДЗР.

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на успешност на тема Задолжување на субјектите од јавниот сектор, степен на искористеност на кредитите и заемите и платени и створени трошоци“ со цел да даде одговор на прашањето:

Дали јавните инвестиции кои се финансираат со средства од заеми се реализираат на ефикасен и економичен начин?”

Со извршената ревизијата констатирано е:

  • дека во управувањето со јавни инвестиции отсуствува системска правна рамка, постапки и процедури, надлежни институции и дефинирани индикатори за систем за мониторинг и надзор на спроведувањето на јавните инвестиции што придонесува за ненавремено преземање на корективни мерки;
  • главните проекти се следат на децентрализиран начин за кои не постои сеопфатна слика за напредокот во имплементацијата;
  • регулативата од областа на градење во целост не придонесува за ефикасна имплементација на проектите по меѓународни FIDIC услови за градба;
  • склучените договори за изградба според меѓународните FIDIC услови, предизвикуваат дополнителни трошоци и ризици од дополнителни побарувања од изведувачот, ризик од раскинување на договорите и меѓународна арбитража;
  • кај проектите има отстапувања на градбата од основниот проект и се признаени   дополнителни и непредвидени работи во текот на градбата (варијации);
  • со нерешена експропријација издадени се одобренија за градба за линиски инфраструктурни проекти регулирано во Законот за градење. Комплексната постапка за утврдување на надоместокот за експропријација, како и  постапката за одобрување на проекти за инфраструктура влијаат на степенот на реализација – бавна динамика и застој на проектите.

Со ревизијата опфатени се проекти за кои се создадени трошоци во износ од 58 милиони евра кои се однесуваат на еднократна провизија, камата за повлечени средства и провизија за неповлечени средства.




Сподели го ова:

Слични објави