“Весел театар”-Прилеп и Никола Тодороски синоќа приредија голем стендап спектакл во Прилеп
Вчера во преполната сала во НУЦК Марко Цепенков во Прилеп, прилепскиот “Весел театар” и Никола Тодороски приредија голем стендап спектакл. Стануваше збор за премиерата на стендап комедијата ОПСТАНОК – најновото стендап комично шоу на Никола Тодороски, преку кое синоќа цела сала уживаше во маестралните изведби на Никола Тодороски.
Колку за потсетување, незаменливиот стендап комичар Никола Тодороски пред 10-тина дена од Центарот за култура во Битола ја започна голема турнеја низ Македонија со неговото најново годинешно стендап шоу. Тодороски во Битола (исто како и во Прилеп) ја исполни големата сала во битолскиот Центар за култура каде битолчани се смееа на секои 5 секунди!!


















