Муцунски: Премногу е, голем протест за промени на 18-ти јуни пред влада

Сподели го ова:
























Вечерва заседава Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ каде се разгледува актуелната состојба во државата. Членовите констатираа дека активната блокада на штетните политики во Собранието овозможи да излезе на виделина политичкиот пристап на власта. Отсуството на демократски капацитет на Владата се гледа со секој изминат ден. За претставниците на медиумите со изјава излезе и Тимчо Муцунски. Неговата изјава целосно Ви ја прикажуваме во прилог:

“Почитувани претставници на медиумите,Најпрвин благодарност за вашиот интерес за добивање информација во однос на одлуките донесени на тековниот Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.  

Истовремено морам да додадам дека на актуелната владејачка коалиција и дадовме доволно простор да покаже што знае и умее, но евидентниот заклучок е дека:

1.Поминавме преку исклучително тешка здравствена криза, во која за жал одговорот на истата беше ненавремен, и неефикасен, со голем број на изгубени човечки животи на нашите граѓани. Истовремено владините мерки за помош на приватниот бизнис сектор и загрозените категории на граѓани беа нецелосни и доведоа до уништување на голем број компании.

2.Не беа понудени навремени и кредибилни активности и мерки за соочување со енергетската криза, а за која постоеше кредибилни информации дека е повеќе од евидентна.

3.Владата не покажа адекватна способност за соочување со економската и финансиската криза, придружена со постојан пораст на цените и висок процент на инфлација кои удрија со максимален интензитет и целосно го соборија стандардот на граѓаните и ги зголемија трошоците на работење на компаниите.

4.Јавниот долг на државата се зголеми енормно.

5.Странските инвестиции се на исклучително ниско ниво.

6.Користењето на средствата за капитални инвестиции се на многу ниско ниво.

7.Неефикасната и неодговорна дипломатија не ги исполни дадените ветувања за формален почеток на пристапните преговори со ЕУ.

8.Функционирањето на правосудниот систем и понатаму е тема на загриженост од страна на меѓународните фактори од каде ни се упатуваат кредибилни забелешки.

9.Реформите на нефункционалната и дополнително партизирана администрација се во целосен застој.

10.Нетранспарентноста и високиот степен на корупција се уште претставуваат суштинска пречка за враќање на изгубената доверба на граѓаните во институциите на државата и политичарите.

11.За Инцидентите со автобуската несреќа кај Ласкарци, изгорената монтажна болница во Тетово и автобуската несреќа во Бугарија се уште нема никаков вид на одговорност.

Доколку на тоа се додадат и резултатите од последните локални избори кои владејачката партија ги постави на ниво на одлучувачки во поглед на идното владеењето со државата и на кои ВМРО-ДПМНЕ извојува силна победа, повеќе од јасен е заклучокот дека единствениот излез од овие исклучително тешки состојби е одржувањето на вонредни парламентарни избори, а на кои граѓаните ќе одлучат кому ќе му ја дадат довербата да ја води државата.

Вечерва заеднички се согласивме  околу неопходноста за организирање на голем народен протест кој ќе се одржи на 18-ти јуни. Извршниот Комитет одлучи во наредниот период да продолжи активната блокада во Собранието на Република Македонија. А, воедно ја оставаме отворена вратата и за дополнителни чекори во периодот што следи.

Подаваме рака и испраќаме порака за обединување на обесправените, сиромашните, стопанствениците, просветните работници, докторите, професорите, земјоделците. Напатениот народ на Македонија.

Молкот не е опција!

Протест за промени и подобар живот!

ПРЕМНОГУ Е! ОВА Е ПРОТЕСТ ЗА ПРОМЕНИ!

Основната причини за донесувањето на наведените одлуки, за жал е Отсуството на било каква подготвеност на премиерот и владејачка гарнитура за  воспоставување на вообичаен политички дијалог со опозицијата и барем минимум државно единство  во поглед на нашите барања за изнаоѓање соодветни  излезни решенија околу одредени кризни состојби и предизвици со кои веќе подолг временски период се соочува нашата држава.

Протестот очигледно е изнуден и повеќе од неопходен и затоа ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат и во еден глас да соопштиме дека тие се оние кои ја даваат и одземаат довербата. Време е да се обединиме, а нашите граѓани се мудри и знаат да го направат вистинскиот избор.

Повторувам, молкот не е опција!

Протест за промени и подобар живот!

ПРЕМНОГУ Е! ОВА Е ПРОТЕСТ ЗА ПРОМЕНИ!”-истакна Тимчо Муцунски




Сподели го ова:

Слични објави