ВЕЌЕ НИШТО НЕ Е ЧУДНО: Фалсификуваните евра внесени во Косово се печатени во Македонија

Сподели го ова:


























Фалсификуваните евра внесени во Косово – се печатени во Македонија, а ваквото тврдење е наведено во синоќешното соопштение на Обвинителството, по повод неговото барање за одредување едномесечен притвор за шестмината уапсени (тројца македонски и тројца косовски државјани) кај кои пред неколку денови, односно на 28 ноември беа откриени метални монети со апоени од две евра, во вкупен износ од 85.010 евра.

Специјалното обвинителство на Косово, по запленувањето на над 85 илјади фалсификувани евра во кованици од по две евра, истакна дека фалсификуваните евра кои се дистрибуираат во Косово и други земји од регионот, се произведуваат во нашата земја.




Сподели го ова:

Слични објави