Карпалак секогаш ќе биде вечен спомен за македонските синови чии животи згаснаа за нашата татковина Република Македонија
Положувајќи свежо цвеќе во касарната „Мирче Ацев“-Прилеп и пред спомен обележјето кај селото Лениште, Општина Прилеп го започна одбележувањето на 23 -годишнината од трагичниот настан кај месноста Карпалак, каде 10 прилепски воени резервисти, храбро го дадоа својот живот за Македонија!
Карпалак секогаш ќе биде вечен спомен за македонските синови чии животи згаснаа за нашата татковина Република Македонија.