Вечерва во Прилеп, Харис Џиновиќ ќе настапи на пивскиот фестивал

Вчера вечерта во Прилеп, започна годинешното издание на “Пиво Фестивалот” кој ќе трае до 20 јули. Врз основа на она што можевме да го забележиме вчера, градот под Марковите Кули го посетија голем број на посетители кои уживаа во добрата музика, ладното пиво и вкусната скара.

Вечерва на вториот ден од овој пивски фестивал, се очекува во Прилеп да пристигнат уште поголем број на посетители од вчера, кои денеска ќе уживат во песните од големиот број на музички изведувачи кои ќе настапат во центарот на Прилеп, како и во хитовите на незаменливиот Харис Џиновиќ.
















