Е вака се работи! Новото раководство прави напори за да во најкраток можен рок се обезбедат финансии за заостанатите плати на вработените во ЈП “Македонски Шуми”

Сподели го ова:


























Генералниот директор на Ј.П. “Македонски шуми” – Здравко Трајанов, оствари средба со Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. На средбата се разговараше за сите проблеми, со кои 7 години се соочуваат вработените во ова Јавно Претпријатие:

“Остварив средба со Здравко Трајанов, Директор на ЈП Национални шуми.

Разговаравме за катастрофалната состојба на претпријатието во која што го остави СДСМ, за спречувањето на дивите сечи, за потенцијалните шумски пожари, но и за планот за решавање на проблемот со неисплатени плати на вработените.

Со новиот менаџмент започнуваме со сериозна и посветена работа во секој сегмент од функционирањето на претпријатието, дополнително правиме напори во најкраток можен рок да обезбедиме финансии за платите на вработените.

Наскоро овие проблеми ќе бидат минато!” – истакна Министерот Трипуновски.




Сподели го ова:

Слични објави