Вечерва и утре, сите патишта водат кон манастирот „Св. Богородица – Пречиста“ – кичевско

Сподели го ова:
















По повод утрешниот голем христијански празник Мала Богородица, вечерва и утре сите патишта водат кон манастирот „Св. Богородица – Пречиста“ – кичевско.



Манастирската црква „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“ спаѓа во типот на големи соборни цркви, а воедно е една од најголемите во нашата земја. Црквата има базиликално решение, и истата се карактеризира со висока купола и осмостран тамбур, додека пак ѕидовите се од камен варовник, како и од камен-бигор.

По својата уникатна убавина посебно се истакнува источната фасада на црквата, од каде е главниот влез.



Сподели го ова:

Слични објави