И оваа година, “Event Group” ќе понуди одлична забава на “PRILEP BEER WEEKEND”
Гледано во глобала, градот и прилепчани, повторно веруваат во Фестивалот на пивото како и во неговиот развој и понатамошен успех. Годинешниот пивски фестивал ќе започне на 09.08.2024 во петок, а градот под Марковите Кули повторно ќе биде центарот на најголемите забавни случувања во Македонија.
Фестивалот секоја година се одржуваше во јули, односно веднаш по Петровденските пости, но од минатата година датумот се помести. Програмата на “Event Group” и оваа година ќе понуди одлична забава во Прилеп на “PRILEP BEER WEEKEND”, каде се очекуваат голем број на посетители.