РАДОСТИ ЗА НАЈМЛАДИТЕ: Новогодишни пакетчина од градоначалникот Борче Јовчески

Сподели го ова:


























Во пресрет на претстојните новогодишни празници градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, започна со посета на основните училишта и здруженија и денеска ги посети училиштата: „Рампо Левката“, „Кире Гаврилоски-Јане“ и „Кочо Рацин“ како и Дневниот центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“ и Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост “Порака“. Градоначалникот Јовчески на учениците, вработените и корисниците во центрите им ги честиташе претстојните празници, посакувајќи им многу здравје, среќа и успех во новата година.

Посетите кај најмалите на градоначалникот Јовчески и доделувањето на новогодишните пакетчина ќе продолжат и наредните денови во сите основни училишта, градинки и соодветни здруженија.




Сподели го ова:

Слични објави