И “Ladna Voda” го поддржа најактуелнот детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња”-Прилеп 2022
Во саботата на 07.05.2022 во 11 и 19 часот во Центарот за култура “Марко Цепенков”-се одржа најпопуларниот и најомилениот Детски музички фестивал “Весели Ѕвончиња ” кој го одржа своето четврто фестивалско издание. Во текот на целиот ден за време на двете фестивалски претстави, прилепските Весели Ѕвончиња направија вистински- огромен детски спектакл во кој уживаше присутната публика. Имено, како и секоја година, така и оваа, се бараше билет повеќе за овој фестивал, бидејќи како што знаете, овој најактуелен фестивал во нашата земја е прогласен за “МОДЕРЕН ДЕТСКИ-СВЕТСКИ БРЕНД!”. Двете фестивалски претстави беа исполнети до последното место, при што публиката уживаше во новите детски хитови. Фестивалот го водеше Маскотата на Распеаното Весело ѕвонче. По барање на публиката, веселите ѕвончиња ќе отпатуваат во повеќе градови низ Македонија каде ќе го прикажат фестивалот. Како и да е, можеме да кажеме дека во Јуни, Веселите ѕвончиња ќе ги слушнат дечињата од повеќе градови од Македонија.
Помеѓу сите поддржувачи на овој фестивал во Прилеп, како и минатите години-така и оваа, беше и најдобрата “ladna Voda” на Магрони. Изминатата сабота нa 07.05.2022 беше посветена на распеаните „Весели Ѕвончиња“. На четвртото издание на детскиот фестивал „Весели Ѕвончиња“ од Прилеп се испеаа многу нови детски песнички, а публиката се забавуваше со одличниот настап на малите музички таленти. За време на двете фестивалски претстави публиката се освежуваше со шишенца Ladna.