Полицијата влезе во домот на 55 годишен прилепчанец! Пронајдени се куршуми и чаури од различен калибар како и пиштол со рамка

На 29.04.2026 во 09:00 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода О.С.(55) од Прилеп. Врз основа на судска наредба од Основен суд Прилеп, извршен е претрес во домот и други помошни простории во Прилеп, сопственост на О.С., при што пронајдени биле еден гасен пиштол со рамка, како и куршуми и чаури различен калибар.По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок – информира МВР.


















