ВАКА ПРАВАТ ВИСТИНСКИТЕ ЏЕНТЕЛМЕНИ: Јовчески им го честита 8-ми март на прилепските дами
По повод денешниот празник Меѓународниот ден на жената, 8-ми март, прилепскиот градоначалник Борче Јовчески им го честита 8-ми март на прилепските дами кои ги затекна низ неговата денешна обиколка во градот под Марковите Кули.
“Среќен 8-ми март, мои драги прилепчанки, почитувани колешки, советнички, новинарки и сите мои сограѓанки! Сметам дека жената секогаш била и ќе биде една од најважните алки во сите сфери на општественото живеење и само доколку вие сте активно вклучени во сите сегменти, можеме заедно да напредуваме. Ви посакувам на сите, секогаш да го имате вниманието, љубовта и почитта што ја заслужувате!” – посака Јовчески.
