В И Д Е О: РЕЗИЛ! ФАТЕН НА КАМЕРА КАКО КРАДИ ВО МАНАСТИР: Крадец влегол да кради во манастирот с. Георгиј Победоносец
Пред само неколку денови, во Манастирот Св.вмч.Георгиј Победоносец во Туденце, непознато лице влегло во манастирот, при што веднаш започнало да кради. За време на кражбата, надзорните камери го снимиле целосниот настан. За кражбата и крадецот, информираа од страна на Манастирот Св.вмч.Георгиј Победоносец во Туденце на нивната официјална страна на социјалните мрежи:
“Денес, во Манастирот Св.вмч.Георгиј Победоносец во Туденце е извршена кражба на парични средства од страна на НН сторител.
На видеото се гледа како лицето ги обива касите од свеќите и се обидува да ги обие касите од иконите.
Го објавуваме видеото од сигурносните камери, како би помогнале во откривање на сторителот.
Дополнително ќе објавиме други видеа и фотографии” – истакнаа од Манастирот Св.вмч.Георгиј Победоносец во Туденце во нивната објава на социјалните мрежи.