Гордо и достоинствено, ООУ “Рампо Левката”-Прилеп го одбележа својот патрон празник преку одлична свечена програма
Денес со голема чест и почит беше одбележан патрониот празник на ООУ „Рампо Левката“ во Прилеп. Програмата се состоеше од свечен протокол кој опфаќаше одлична подготвена програма која се реализираше во самото училиште од страна на учениците, како и полагање на свежо цвеќе на споменикот на народниот херој Рампо Левката.

“Нашето училиште денес ја одбележа 83- годишнината од смртта на нашиот патрон, Народниот херој- Рампо Левката.Со положување цвеќе на бистата на херојот во Паркот на Револуцијата, пред Општинскиот суд, во месноста Дабница и пригодна програма во училиштето вработените и учениците му оддадоа почит на патронот.На настанот присуствуваше делегација од Советот на општината и Градоначалникот на Општина Прилеп, г.Борче Јовчески.Во рамките на одбележувањето беше одигран и спортски натпревар во мал фудбал во ООУ„Добре Јованоски” и одржана ликовна работилница“- истакна Жарко Бабаноски, директорот на ООУ Рампо Левката – Прилеп.



















