Пред некој ден му беше роденден – повторно роденденот го помина во затвор – далеку од семејството

Сподели го ова:


























Прилепчанецот Јане Ченто, пред некој ден повторно својот роденден го помина во затвор – далеку од своето семејство. Македонскиот народ бара негово ослободување, при што адвокатите Митровски, Пешевски и Тимовски пред неколку денови до сите пратенички групи и пратеници поднесоа предлог Закон за амнестија на осудените за настаните од 27-ми Април, при што со ваквиот предлог бараа сите оние кои што се осудени на казни затвор до 10 години да бидат ослободени од понатамошно издржување на казна, додека пак за осудените над 10 години да се ослободат од 50% казна.

Сега се е во рацето на Врховниот суд. Имено, Републичкото јавно обвинителство до Врховниот суд достави мислење по барањето на осудените за случајот „27-ми април“ за вонредно преиспитување на правосилната пресуда.

Овој предмет бил примен во Јавното обвинителство, и истиот распореден кај надлежен јавен обвинител. Исто така, изготвено е мислење по однос на нивните барања за вонредно преиспитување на пресудата, и тоа е доставено до Врховниот суд.

Случајот „27-ми април“ оди на Врховен, а семејствата на обвинетите очекуваат ослободителни пресуди и намалување на казните.




Сподели го ова:

Слични објави