Уживајте во денот! Денеска ќе имаме сончево време со температура до 27 степени
Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност која ќе биде застапена само во некои предели во земјава. Попладне наместа можна е појава на локален пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе се движи од 20 до 27 степени.
Во наредните денови врз основа на информациите од УХМР, следува период на променливо облачно и топло време, проследено со сончеви периоди.

















