Пациентите болни од одредени видови рак оставени без терапија, власта не набавила медикаменти-соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Сподели го ова:
























Пациентите болни од одредени видови рак оставени без терапија, власта не набавила медикаменти-соопштуваат од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Еве што точно истакнува ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение до јавноста:

“90 пациенти со колоректален, оваријален и цервикален карцином скоро цел месец не ја примаат препишаната биолошка терапија.

Пациентите не добиваат конкретна информација кога ќе може повторно да ја добијат неопходната терапија, која им е неопходна.

Количините набавени преку Министерството за Здравство се исцрпени, а Клиниката за Радиотерапија и Онкологија нема отворено нов тендер.

Кога во прашање се тендери од кои профитира некој од власта се штанцаат огласи, а кога треба да се набави терапија за болните од рак, никој со прст не мрда.

Со ваквиот развој на настаните, и неодговорноста кај власта се очекува дека до крај на месец мај ќе биде прекината и терапијата на 30 пациенти со метастатски меланом, со што директно се загрозува нивниот живот.

Доколку власта наместо да работи продолжи да краде, и не ги извршува ниту основните работи во текот на наредните месеци ќе се исцрпат количините и за повеќе други неопходни биолошки лекови, вклучително и имунотерапија за над 150 пациенти со белодробен карцином, карцином на бубрег и карцином на дојка.

Неодговорноста и неспособноста на СДСМ и ДУИ директно загрозува стотици животи”-соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.




Сподели го ова:

Слични објави